social image

Est. 2021 · Скопје

Правна сигурност заснована на стручност и доверба.

Адвокатската канцеларија на Адв. Арзијана Фејзи обезбедува професионална правна поддршка за физички и правни лица во областа на граѓанското и трговското право.

2021

година на основање

За канцеларијата

Ваш доверлив правен партнер

Адвокатската канцеларија на Адв. Арзијана Фејзи е основана во 2021 година и претставува сигурен и професионален партнер во областа на граѓанското и трговското право.

Нашата работа се темели на професионалност, стручност, квалитет, динамичност и етика, вредности кои претставуваат основа на секоја услуга што ја нудиме.

За канцеларијата

Области на работа

Обезбедуваме правна помош и застапување за физички и правни лица, со посебен фокус на имотно-правните односи, облигационото право, договорното право, наследното право и управувањето со имот.

01

Имотно-правни односи

02

Договорното право

03

Наследно право

04

Управување со имот

Специјализација

Управување со имот

Gestionе patrimoniale

Посебна област на работа на канцеларијата е управувањето со имот (gestionе patrimoniale), каде што обезбедуваме стручна правна поддршка за заштита, управување и пренос на имот на физички и правни лица.

Ги советуваме клиентите во врска со:
  • стекнување, располагање и заштита на недвижен и движен имот
  • наследно планирање
  • договорни односи
  • правни механизми за зачувување и унапредување на нивниот имотен статус

Преку индивидуален пристап и детална анализа на потребите на секој клиент, нудиме решенија кои обезбедуваат правна сигурност и долгорочна заштита на имотот, водејќи сметка за нивните лични и деловни интереси.

  1. основање и регистрација
  2. тековно правно советување
  3. корпоративно управување
  4. постапки за ликвидација и стечај

Трговско право

Правна поддршка за компании

Во областа на трговското право, нудиме целосна правна поддршка на трговските друштва во текот на целиот нивен деловен циклус – од основање и регистрација, преку тековно правно советување и корпоративно управување, до постапки за ликвидација и стечај.

Нашиот тим обезбедува стручна поддршка во сите правни аспекти од работењето на деловните субјекти, со цел нивно сигурно и успешно функционирање.

Меѓународна соработка

Правна поддршка за странски инвеститори

Канцеларијата има воспоставено деловна соработка со компании од Италија, на кои им обезбедува правна поддршка при инвестирање и основање на трговски друштва во Република Северна Македонија.

Ги следиме клиентите во сите фази на процесот – од:
  • првични правни анализи 
  • регистрација на друштвото
  • обезбедување правна поддршка во секојдневното работење
  • усогласување со законските прописи
  • договорни односи
  • работни односи
  • други прашања од значење за нивното успешно работење

Партнери

Доверба што нè поврзува

мисија и цел

Посветени на вашата правна сигурност

Нашата мисија е да обезбедиме квалитетна, ефикасна и навремена правна заштита, преку индивидуален пристап и градење долгорочни односи со клиентите. Се стремиме да бидеме доверлив правен партнер кој нуди сигурност, професионалност и практични решенија во секоја правна ситуација.

Нашата цел е преку стручност, одговорност и посветеност да придонесеме за заштита и унапредување на интересите на нашите клиенти, обезбедувајќи им правна сигурност и поддршка во сите фази од нивниот личен и деловен развој.